Гроздановска броеше до 11, Винтертур славеше убедливо

Македонската интернационалка, Симона Гроздановска, продолжува со одличните настапи во швајцарскиот шампионат.

Винтертур и Гроздановска славеа убедлива победа над екипата на Херцонгенбуше со резултат 31:23 во натпревар од домашниот шампионат.

Македонката беше убедливо најдобра на теренот со 11 погодоци од 13 обиди. По завршувањето на полусезоната, Гроздановска, ја предводеше и листата на стрелци во швајцарскиот шампионат со 115 постигнати погодоци.

Винтертур во следното коло игра против екипата на Цирих. Моментално клубот се наоѓа на седмото место на табелата.