Граџан: Сакаме да стигнеме што подалеку во СЕХА, посакуваме пласман на Ф4

Тимот на Еурофарм Пелистер в понеделник го започнува настапот во регионалната СЕХА лига.

Прв ривал на битолчани ќе биде српскиот тим Металопластика од Шабац, кој и лани беше во иста група со нашиот тим.

Пикерот Елмир Граџан вели дека стартот на СЕХА одамна се чека.

„Дојдовме до моментот да почнеме да ја играме СЕХА лигата, која одамна ја чекаме и која треба да ни послужи да се воиграме за натпреварите од Европската лига. Желни сме за игра, секој натпреварот е битен за нас и како и секогаш играме на победа. Ќе дадеме максимум и тоа да го оствариме. Наша цел е да се осврнеме на себе и на нашата игра. Потоа ќе ги анализираме противниците како што доаѓаат. Сите ние сакаме да стигнеме што подалеку, се надеваме на Ф4. Ќе видиме дали тоа ќе го оствариме“, вели Граџан.

Босанскиот репрезентативец дека гостите од Шабац може да им создадат проблеми, ако не се пристапи сериозно кон натпреварот.

„Во нашата екипа има многу засилувања, многу големи имиња. Металопластика и натаму е млада екипа. Ако не пристапиме максимално, тие се екипа која може да ни создаде проблеми. Но, ние тоа нема да го дозволиме. Штом играат во СЕХА лигата не се за потценување. Сепак, се надеваме на победа“, заврши Граџан.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Металопластика се игра в понеделик во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 17:45 часот.