Го најавуваа како засилување за Вардар, а заврши во Мешков Брест

Иако беше најавуван како можно засилување за Вардар, сепак францускиот лев бек Батист Бонфон нема да дојде во Скопје.

Французинот потпиша договор на две сезони со Мешков Брест и една година пред истекот на договорот со Екс ан Прованс ќе се пресели во Белорусија.

Бонфон во Мешков ќе биде замена за Сандро Обрановиќ, кој се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Загреб.

Францускиот лев бек, кој има и европска шампионска титула со Монпелје од 2018 година, беше дел од оваа екипа осум сезони, а последните две ги мина со Екс ан Прованс.