ГОТОВО Е – Сагосен в недела ќе биде промовиран како член на Колстад!

Норвешката „ТВ 2“ најави дека в недела ќе биде промовиран новиот проект на Колстад, а најголемото внимание ќе биде свртено кон Сандер Сагосен, кој треба да се врати во татковината летото 2023 година.

Колстад би требало да промовира најмалку пет или шест засилувања за следната сезона, во која посакуваат титула во Норвешка, за да можат пред доаѓањеето на Сагосен да бараат вајлд-карта за Лигата на шампионите.

Сагосен е во карантин, но тој завршува утре, па тој ќе замине за Норвешка за ЕХФ неделата, а тоа ќе биде искористено за најавената промоција в недела.

Тој имаше понуда и за продолжување на соработката со Кил, но се реши за Колстад, кој покрај него за следната сезона ги планира плејмејкерот Јанус Смарасон и десното крило Сигвалди Гудјонсен од Келце.

Од летото 2023 година најавен е камбек во татковината за Магнус Род, Магнус Гулеруд, Торбјорн Бергеруд, Себастијан Бартолд, Кент Робин Тонесен и Магнус Фредриксен.

Колстад оваа сезона не игра на високо ниво и се наоѓа на осмото место во норвешкиот шампионат.