Горбок откри зошто земал руски пасош

Поранешниот ракометар на Вардар и репрезентативец на Русија кој неодамна објави пензионирање, Сергеј Горбок во интервју за pressball.by говореше за тоа како дошло до тоа да настапува за репрезентацијата на Русија.

Родениот Белорусин Горбок (чие презиме на белоруски е Харбок) е производ на добро познатата белоруска ракометна школа, но во ниту еден момент не се кае што одлучил да игра за Русија. Една од причините за добивање руски пасош е неговата сопруга.

„Не земав руско државјанство веднаш, во младоста кога настапував за Аркатрон заминав во Русија  за да ги побарам раката и срцето на мојата идна сопруга. Оттаму заминав во Астрахан, во Лукоил Динамо каде и што единствено можев. Дури тогаш го добив рускиот пасош. Ако толку сакав да го менувам државјанството можев да играм со Русија на Олимпијадата во Пекинг, но не го сторив тоа. Руски пасош добив во 2011 година и тоа беше случајно, заради околностите“, објасни Горбок.

Сергеј Горбок беше дел од тимот на Вардар кој ги освои двете титули европски шампион. После пензионирањето тој е во Скопје, но како Белорусин се грижи за неговата држава и политичката ситуација каде што му се наоѓа голем дел од семејството.