Горан Андоновски му се враќа на ракометот – ќе биде предводник на Тиквеш!

Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на тимот на Охрид, Горан Андоновски, ќе биде нов предводник на Тиквеш од Кавадарци.

Кавадаречкиот тим ја прекина соработката со досегашниот стратег Томе Петрески, кој не успеа да го внесе тимот во плеј-офот.

Андоновски долги години беше предводник на Охрид, со кој успеа да обезбеди и место во европските купови и да мине една пречка.

Доаѓа во Кавадарци да обезбеди опстанок во елитното друштво со Тиквеш, а ќе има уште седум ривали – КЛ7, Асттраион, Младост Богданци, Работнички, Прилеп и Радовиш.