Гомез е новиот „крал на стрелците“ во Келн – ги симна Лазаров и Хансен од врвот

Нов крал на стрелците на завршните турнири во Лигата на шампионите е десното крило на Барселона, Алеиш Гомез.

Шпанскиот интернационалец постигна четири гола против ПСЖ и сега има 70 погодоци што е доволно за првото место.

Второто и третото место ќе го делат македонската легенда Кире Лазаров и Микел Хансен со по 68 гола.

На Шпанецот за ова остварување му требаа пет настапи во Келн, односно десет натпревари.

На Лазаров и Хансен за постигнатите 68 гола им требаа седум настапи во „Ланксес Арена“ во Келн. Од активните играчи во ТОП 10 листата се Арон Палмарсон (4) со 59 гола, како и Иван Чупиќ (8) со 49 гола.