Гомез го брка рекордот на Лазаров и Хансен

Десното крило на Барселона Алеиш Гомез, од денеска би можел да стане најдобриот стрелец во историјата на завршните турнири во Лигата на шампионите и тоа со најмалку одиграни натпревари.

Шпанскиот интернационалец има 66 погодоци на девет меча и се наоѓа на третото место, додека на врвот на листата на стрелци се Кире Лазаров и Микел Хансен со по 68 гола.

Денеска ќе има шанса на дуелот за третото место против ПСЖ со три погодоци да стане најдобриот со само пет настапи во Келн.

На Лазаров и Хансен за постигнатите 68 гола им требаа седум настапи во „Ланксес Арена“ во Келн. Од активните играчи во ТОП 10 листата се Арон Палмарсон (4) со 59 гола, како и Иван Чупиќ (8) со 49 гола, додека на 9 и 10 место се Дика Мем и Никлас Екберг со по 48 погодоци.