Гол шоуто на Сара Ристовска во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска игра одлична сезона во ЦСКА Москва. Македонката е една од главните ракометарки во руската екипа и неуморно работи на теренот на секој натпревар.

Одличните настапи во Лигата на шампионите ја сместија Ристовска во изборот за идеалниот тим во елитното натпреварување.

Ристовска е номинирана за најдобро десно крило заедно со Јованка Радичевиќ (Будуќност), Јулија Манагарова (Ростов Дон), Јана Кнедликова (Кристијансанд), Марит Јакобсен (Есбјерг) и Викторија Лукач (Ѓер).

Македонката беше предводник во својот тим, посебно на најважните натпревари кога ЦСКА Москва го елиминираше Крим во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа и ЧСМ Букурешт во четвртфиналето.

ЦСКА Москва заслужено патува на Ф4 турнирот во Будимпешта. Пред самата завршница, Ристовска има запишано 49 гола. Најмногу гола, вкупно седум, постигна на одлучувачкиот натпревар против ЧСМ Букурешт.

Медиа тимот на ЕХФ избра нејзините најубави погодоци. Погледнете…