Гол злато вреден – како Валчак го спаси Вардар (ВИДЕО)

Вардар загуби од Нексе со 25-26 во реванш четвртфиналниот дуел од регионалната СЕХА лига и ќе игра на Ф4 во Задар.

Петкратниот првак во ова натпреварување губеше со 20-24 и се чинеше дека нема по деветти пат да стигне до завршниот турнир. Но тогаш на сцена стапи полскиот репрезентативец Патрик Валчак.

Тој најпрво изнуди пенал, кој Чупиќ го реализираше, а потоа и собра уште два отпадока и погоди во мрежата на Цар за минимален пораз и место на Ф4.

Погледнете го последниот гол на Валчак…