Големо признание: Македонка е најдобра странска ракометарка во Италија (ФОТО)

Македонската интернационалка и ракометарка на Гереире Мало, Савица Мркиќ, оваа недела доби големо признание во Италија.

Во изборот на Ракометната Федерација на Италија беше спроведено гласање за најдобрите во есенскиот дел од сезоната, а левиот бек Мркиќ беше избрана за најдобра странска ракометарка.

Мркиќ имаше конкуренција во Дуран од Одерцо и Гомез од Јоми Салерно.

Таа потекнува од школата на ѓорчепетровки и своевремено го носеше дресот на Еуростандард Ѓорче Петров, а потоа и на Кометал Ѓорче Петров, а играше во Грција, Србија, Романија, Шпанија, Исланд, Германија, но и во Ангола.