Голема чест за екс вардарката – ќе биде знаменосец на Олимписките игри (ФОТО)

Од сите спортисти од Црна што ќе бидат дел од Олимпијадата, најмногу се очекува од женската ракометна репрезентација која во последните десет години е меѓу најдобрите во светски рамки.

На свечената церемонија од отворањето во Токио, Црна Гора ќе биде предводена од екс ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ и капитенот на црногорските ватерполисти, Драшко Бругуљана.

Двајцата спортисти ќе го носат знамето на свеченото отворање во Токио. Ова ќе биде четврто учество на Олимписките игри за Црна Гора од својата независност.