Голема победа за Македонија: Кадетките слават во Клаипеда обезбедија Европско првенство

Женските младински селекции од денеска се враќаат на големата сцена откако во Клаипеда дојдоа до победа во финалето против Исланд со 27:26. Овој триумф значи место на Европското првенство односно место меѓу најдобрите 16 селекции во Европа и во кадетска и во младинска конкуренција.

Oд почетокот на средбата Македонија имаше игра со која му парираше на противникот, но и беше во водство во добар дел од првото полувреме. Имаше голови на двете страни, па многу често се менуваа во предност. Најголемото водство беше два гола така што немаше можност за убава предност и сигурно продолжување на натпреварот.

Речиси паралелно имаше грешки и на двете страни така што владееше постојана неизвесност и надигрување.

Македонија стигна до плус два во 26. минута кога резултатот беше 11:9, но до крајот на полувремето падна концентрацијата, па Исланѓанките се вратија и на одмор се замина со 12:12.

Второто полувреме не донесе многу погодоци во првите неколку минути, но продолжи неивесноста. Исланд успеа да поведе со 15:13 во 36. минута, но брзо се враќаше ритамот така што брзо и се израмнуваше.

Откако дојде до 15:15 се влезе во неизесно продолжение, а на почетокот на последните десет минути Македонија дојде до плус два 21:19. Оваа предност од два гола се одржуваше постојано. Исланд намалуваше на еден гол, но главно Ризоска, Дукоска и Младеновска реализираа и веднаш враќаа на плус два.

На минута и пол до крајот Дукоска релизираше седмерец за 26:23. Овие три гола овозможија во финишот да се има контрола, а иако Исланд намали, немаше време за повеќе. Македонија победи со 27:26.

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД          27:26 (12:12)

Сала: Свитурио арена во Клаипеда. Судии: Барбора Боцакова и Лусија Јаносикова од Словачка. Делегати: Маргрид Вајхе од Фарски острови и Тадас Јансонас од Литванија.

МАКЕДОНИЈА: Јовановска (13 одб.), Кирова, Чурлиновска, Нестороска, Спасевска, Дукоска 11, Равојска, Тошевска, Коцева, Пешиќ, Еленин 1, Богојеска, Ризоска 7, Коцева 5, Младеновска 3

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.

ИСЛАНД: Брињарсдотир (10 одб.), Сигурдардотир, Торкелсдотир 4, Ричардсдотир, Мелстед, Стефансдотир 2, Јохансдотир 2, Гудмундсдотир, Елијасдотир 4, Агустсдотир 4, Стајндорсдотир 2, Ејнарсдотир 2, Траустадотир 3, Бенедиксдотир, Асмундсдотир 3, Тробјорнсдотир

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.