„Голема чест е да се игра против Вардар, неговото искуство пресуди во вториот дел“

Екипата на Војводина на реванш дуелот против Вардар во четвртфиналето од регионалната СЕХА лига беше поразена со 32:26.

Иако српскиот шампион настапи со младинци, одигра одлично во првото полувреме, кое го доби со 15:11.

Најмладиот во Војводина, Ѓорѓе Драшко, кој беше меѓу најефикасните на денешниот дуел, постигна четири погодоци од шест обиди, е задоволен од прикажаната игра.

,,Голема чест е да се игра против Вардар. Одигравме одлично во првото полувреме. Нашиот недостаток беше видлив во второто полувреме бидејќи немавме доволено ротација. Изгубивме енергија, но ова е наше големо искуство”, изјави Драшко.

Помошниот тренер на Војводина, Драган Кукиќ, имаше позитивни комплементи за младите ракометари на Војводина и му честиташе на Вардар за обезбедениот пласман во следната фаза од регионалното натпреварување.

,,Нашите млади играчи одиграа одлично прво полувреме. Противникот веројатно малку ги потцени, односно порелаксирано влегоа во мечот. Нашите играчи го искористија тоа и навистина им честитам за храбрата игра. Искуството на Вардар беше пресудно во вториот дел, тие играа поцврсто во одбраната, ние имавме и кратка ротација. Заслужена победа на Вардар на кого му посакуваме се најдобро во преостанатиот дел од сезоната”, изјави Кукиќ.

Георгиевски со десетка против Војводина, Вардар се враќа на Ф4 во СЕХА!