Голема драма во Норвешка – пеналите го решаваа патникот во финалето на Европскиот куп! (ВИДЕО)

Во реваншот од полуфиналето во Купот на ЕХФ помеѓу двете норвешки екипи Нербо и Драмен гледавме драматична завршница која на крајот се заврши со среќен крај за Нербо.

Нербо во регуларниот дел од натпреварот успеа да слави со 30:27, токму со истиот резултат победи Драмен во првиот натпревар и затоа патникот во финалето се решаваше со изведување на пенали.

До победата Нербо дојде после седум серии. Во битката за трофејот на натпреварите кои ќе се играат на 21. и 28. мај Нербо ќе игра против Баја Маре.

Во продолжени погледнете ја драмата што се случуваше во Норвешка во видеото што го објави Расмус Бојсен.