Голден Арт со три засилувања – потпишаа Миланов, Дрпљанин и Ацев

Тројцата ракометари што во минатата сезона беа дел од составот на Шампион – Марио Миланов, Есад Дрпљанин и Даниел Ацев во новата сезона ќе имаат нов предизвик.

Тие потпишаа договори со тимот на Голден Арт и ќе се обидат да му помогнат на тимот по само една сезона да се врати во Суперлигата.

Тројцата имаат по 20 години, а претходно освен од Шампион, беа дел од Бутел Скопје и имаат суперлигашко искуство.

Лани беа меѓу најдобрите поединци во составот на Шампион и меѓу најзаслужните што тимот стигна да игра бараж за Суперлигата.

Голден Арт претходно ги засили своите редови со искусните Ивица Илиев и Златко Даскалоски, па ќе има доволно конкурентен тим да се бори за врвот во Првата лига.