Голден Арт без многу мака го реши Скопје

ВоТимот на Голден Арт без поголеми проблеми забележа уште една победа во разигрувањето за опстанок во елитното друштво, откако славеше на мечот против Скопје со 30-24.

Избраниците на Владимир Глигоров отворија со водство од 8-2, и оваа предност ја задржаа до крајот на првиот дел, па на пауза се замина со 16-10.

На стартот на второто полувреме Скопје постигна четири погодоци по ред за 16-14, но кога требаше да направи клучен чекор кон камбек, следуваше голем пад.

Голден Арт ги казни сите грешки и се одлепи на 26-18, па до крајот само рутински ја доврши работата за победа со 30-24.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мице Шилегов со шест и Дејан Гошевски со пет гола, додека кај Скопје се истакна Киселовски со шест погодоци.

Голден Арт одамна го осигура опстанокот додека Скопје ќе игра со Радовиш во последното коло во обид да го избегне баражот.