ГОГ Гудме убедлив со Тримо, потврден пласманот на Еурофарм Пелистер во осминафиналето на ЛЕ

Денес беа одиграни три натпревари во рамките од Лига на Европа. На првиот натпревар помеѓу Тримо Требње и ГОГ исходот беше 27:30 за гостинската екипа од Данска.

Во првите минути во натпреварот и двете екипи се менуваа во водство. Гостинските ракометари преку Нилсен и Олсен зголемија за 4:6 во текот на 11. минута од натпреварот. Последната третина од првиот дел им припадна на гостите од Данска. На полувреме резултатот беше 13:16 за екипата на ГОГ.

Во второто полувреме составот на ГОГ со четирите главни звезди од Египет даде јасен знак дека бодовите ќе одат на нивното конто и обезбеди плус седум, 13:20.  Избраниците на Урош Зорман до крајот се обидуваа да се вратат во игра, но ракометарите од Данска не дозволија да има пресврт.

Најефикасен ракометар во победничкиот тим беше Симон Питлик со седум погодоци, шест додаде Олсен. Во Тримо Требње најефикасен беше Михајло Радојковиќ со шест погодоци.

Тулуз на свој терен го пречека Чеховски медведи од Русија. Разиграните Руси остварија победа со резултат 32:29 и останаа во игра за втората позиција во А групата. Чеховски медведи на овој натпревар беше предводен од Сергеј Косоротов со девет погодоци односно 100% реализација. Во поразениот табор единствена светла точка беше Немања Илиќ со десет погодоци.

Во борбата за првата позиција во Б групата, Фуксе Берлин славеше во дербито против Ним со два разлика, 24:22. Во победничката екипа три ракометари беа најефикасни со по пет погодоци, Милош Вујовиќ, Ласе Андерсон и Мијајло Марсениќ. Во составот на Ним се истакна Жан Акевијо со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274