Глигоров – нов помошник во ГА КЛ 7

Екипата на КЛ 7 во продолжение од сезоната и битката за опстанок во Супер лигата ќе биде во сосема изменет стручен штаб бидејќи направена е комплетна смена, а новиот тренер Игор Котевски има и нов помошник.

Котевски во пролетниот дел од сезоната за помошник ќе го има Филип Глигоров, кој доаѓа на местото на Билјана Црвенкоска. Глигоров работеше во Бутел со млади категории, а исто така беше и дел од Ракометната Академија на Вардар каде учествуваше со неговиот клуб Балтепе со дечиња со различна возраст.

Во стручниот штаб ќе има и нов физиотерапевт бидејќи во клубот повеќе нема да биде ниту Димитар Маневски. Пред неколку дена почнаа промените во екипата откако стана јасно дека клубот во иднина нема да го води Андон Бошковски, кој досега беше на клупата. На негово место дојде Игор Котевски од Металург 2, па со ова само се комплетира стручниот штаб на Котевски а продолжението од сезоната.

Јасно е дека целта е да се обезбеди опстанок во Супер машката лига, па ќе има големи возбудувања во плеј-аут лигата. За да се дојде до посакуваната форма веќе се најавени неколку контролни средби така што на нив ќе може да се види до каде е сработено досега.

Екипата на Голден Арт КЛ 7 во есенскиот дел го освои 4. место во Групата А, а имаше 16 поени. Остана три бода зад Струга која влезе како третопласирана во плеј-офот.