Гледајте го реваншот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алпла Хард за 150 денари

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го очекува реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против Алпла Хард.

Битолчани имаат активен резултат од првиот натпревар во Австрија бидејќи загубија со три гола разлика, 24-21.

Билетите за овој натпревар ќе се продаваат по 150 денари и ќе може да се купат на неколку локации во Битола.

Со приложување на билетот од овој натпревар, навивачите ќе добијат попуст при купување на сезонскиот билет, кој ќе чини 4.350 денари.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алпла Хард ќе се игра в недела со почеток од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.