Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Франција – Норвешка (ЛИНК)

Со натпреварот меѓу Франција и Норвешка завршува 14. Европско првенство за сениорки и денеска ќе биде добиен освојувачот на златниот медал.

Селекциите кои дојдоа до финалето ќе имаат можност да покажат кој има подобра форма во моментов, а со тоа и поголема шанса за да се дојде до златото.

И двете репрезентации одиграа квалитетно досега така што сега е прашање само кој од составите ќе се покаже во подобро издание. Норвешка е веројатно фаворит на хартија, но тоа ќе треба да се потврди и на теренот, па дефинитивно ова ќе биде интересен натпревар.

Инаку, финалето почнува од 18 часот, а истото ќе оди во пренос на ТВ Клан Македонија. Доколку оваа национална телевизија ја немате на вашите оператори и не можете да ја следите тогаш тоа можете да го направите на следниот ЛИНК.