Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Вардар и Татран Прешов (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар вечерва од 20:15 часот ќе го имаат последниот меч во СЦ „Јане Сандански“ за оваа сезона.

Тие ќе ги одмерат силите со составот на Татран Прешов против кој ќе се борат за три бода кои ќе овозможат да се финишира групната фаза на првото место и тоа на еден натпревар пред крајот на овој дел од сезоната.

Вардар денеска ќе влезе како фаворит на теренот против Татран Прешов и сите очекувања се да успее да дојде до трите поени со што ќе нема проблеми да го задржи првото место и напролет да го очекува својот ривал за четвртфиналето.

Мечот започнува во 20:15 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК.