Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Загреб (ЛИНК)

После средбите од 10. коло во Лигата на шампионите двете екипи од Македонија кои сезонава играат во СЕХА лигата се враќаат на дуелите од регионалното натгпреварување. Денеска им следат нови пресметки и ќе биде доста интересно.

Вардар гостува во Нови Сад каде што „црвено-црните“ би требало да влезат со улогата на фаворити на теренот. Сепак, Војводина знае да биде незгодна особено дома, па затоа ќе биде доста интересно. Вардарци ќе мора да го кренат нивото доколку сакаат позитивен епилог на овој меч.

Што се однесува до Еурофарм Работник, овој тим денеска го пречекува составот на ППД Загреб во Битола. Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:15 часот, а може да го гледате на следните ЛИНК 1, ЛИНК 2.