Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Шпанија (ЛИНК)

Машката репрезентација на Македонија денеска продолжува со натпреварите од групната фаза на Медитеранските игри во Алжир.

Денешен ривал на избраниците на Кире Лазаров е репрезентацијата на Шпанија, која претходно го совлада следниот ривал на македонската репрезентација, Турција, со 46:19.

Натпреварот против Шпанија требаше да се одигра во терминот од 18:00 часот, но организаторот реши повторно да направи поместувања на термините и одлучи дуелот на македонската репрезентација со „црвената фурија“ да се игра во терминот од 17:00 часот.

Поради тоа што доцнеа претходните два меча, нашиот меч со Шпанија ќе започне исто така со задоцнување и скоро во стариот термин.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија може да го гледате ТУКА.