Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Црна Гора (ЛИНК)

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска го игра натпреварот од 1. Коло во ЕХФ Еуро купот против Црна Гора.

Натпреварот се игра во слата во СЦ „Борис Трајковски“, а за добар дел од девојките ова ќе биде прва средба во сениорска конкуренција бидејќи првпат добија можност да играат за најсилната селекција.

Ова ќе биде голем предизвик за девојките така што може да се очекува убав натпревар во кој се почнува и со темпирањето на формата за Европското првенство во 2022 година.

Средбата почнува од 20:15 часот, а можете да ја следите на Македонската телевизија на следниот

ЛИНК

Натпреварот можете да го следите и на ЕХФ ТВ. Сепак, за таму ќе ви биде потребна регистрација и програмот Хола за да можете непречено да го следите натпреварот.

ЛИНК