Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Исланд (ЛИНК)

Репрезентациите на Македонија и Исланд играат во финалето на ЕХФ шампионатот во Клаипеда, а кадетките ќе се обидат да дојдат до голем триумф кој ќе донесе место на Европското првенство во следниот циклус.

Почетокот на овој дуел е од 17 часот, а шансите и за двете селекции се подеднакви така што претстои навистина интересен натпревар на кој нијанси ќе одлучуваат за освојувачот на трофејот.

Оваа средба ќе ја судат Барбора Боцакова и Лусија Јаносикова од Словачка. Делегати се: Маргрид Вајхе од Фарски острови и Тадас Јансонас од Литванија.

Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.

*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.