Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Холандија (ЛИНК)

За репрезентативките на Македонија денешниот дуел против Холандија е од големо значење бидејќи може да реши многу работи околу пласманот во полуфиналето на ЕХФ шампионатот.

Ова е средба на која мора да се одигра максимално од првата до последната минута и да се поправат грешките направени на дуелот против Фарските острови во понеделникот.

Денеска опција е само победа, па затоа треба да се очекува многу поангажирана игра. Средбата почнува во 20:30 часот, а може да се гледа на следниот ЛИНК.