Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер – Металопластика (ЛИНК)

Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Металопластика се отвора новата сезона во Групата А од СЕХА лигата.

Битолчани влагаат како фаворити на овој натпревар и се очекува да влезат во шампионатот со победа.

Доколку оди сè според планот тогаш ова ќе биде дуел на кој домашните ќе бидат во предност и сите очекувања се да одат до првите бодови во групата каде што се наоѓаат и составите на Татран Прешов и ППД Загреб.

Средбата почнува од 17:45 часот и се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Натпреварот ќе биде емитуван на МТВ, а можете да го следите и на следниот ЛИНК.