Гледајте ги полуфиналните средби на ЕП на ТВ Клан Македонија (ЛИНК)

Денеска од 18 и од 20:30 часот се играат полуфиналните средби на Европското првенство во Данска, а овие натпревари како и добар дел од дуелите на шампионатот ќе одат во пренос на ТВ Клан Македонија.

Националната телевизија ги има правата за овој шампионат, па главните четири дуели ќе ги емитува во преност така што ќе можат да се следат сите средби кои решаваат во трката за медалите.

Во првиот натпревар денеска од 18 часот играат Франција и Хрватска, а потоа од 20:30 часот се соочуваат составите на Норвешка и Данска.

В недела исто така дуелите за 3. место и финалето ќе бидат емитувани во пренос. Тогаш дуелот за бронзата е од 15:30 часот, а финалниот натпревар е од 18 часот.

Доколку ТВ Клан Македонија ја немате на вашите оператори и не можете да ја следите тогаш тоа можете да го направите на следниот ЛИНК.