Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Холандија (ЛИНКОВИ)

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.

Ривал на избраничките на Љубомир Савевски ќе биде светскиот првак од 2019, репрезентацијата на Холандија, која на денешниот дуел е голем фаворит.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.

Австријките Ана Врањеш и Марлис Венингер ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Македонија и Холандија, а натпреварот може да го гледате ТУКА и ТУКА.