Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Франција (ЛИНКОВИ)

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот предизвик на Европското првенство.

Ривал на избраничките на Љубомир Савевски ќе биде олимпискиот првак Франција во натпревар во кој „триколорките“ се големи фаворити.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција стартува од 18:00 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Судии на овој дуел се Татјана Праштало и Весна Балван од Босна и Херцеговина, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.