Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Мароко (ЛИНКОВИ)

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра третиот натпревар од Президент Купот на Светското првенство 2023 кое се одржува во Полска и Шведска.

Ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде незгодната селекција на Мароко, која во претходното коло го совлада Алжир, додека на стартот од Президент Купот беше поразена од Тунис.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко ќе се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток во 18:00 часот.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.