Гледајте ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Нексе (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес на свој терен ќе играат против Нексе Нашице во натпревар од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Нексе на првиот дуел против Еурофарм Пелистер триумфираше со четири гола разлика, 29:25.

По одиграниот натпреварот ќе биде позната целата ситуација во групата А, во која Нексе и Војводина имаат по шест бода, додека Еурофарм Пелистер има три бода.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.

Пренос од дуелот ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.