Гледајте ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Колстад (ЛИНК)

Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес на свој терен ќе ја започнат европската авантура во новата сезона.

Битолчани ќе играат во европската елита и за прв ривал го имаат норвешкиот шампион Колстад, кој во своите редови го има Сандер Сагосен.

Иако тимот од Норвешка е фаворит на денешниот дуел со пелистерци, сепак, избраниците на Александар Јовиќ ќе се обидат со помош на публиката да имаат победнички старт во Лигата на шампионите.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:45 часот.

Пренос од овој дуел ќе има на МТВ и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој натпревар ќе бидат Германците Шулце и Тониес, додека делегат ќе биде Павичевиќ од Црна Гора.