Гледајте ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Архус (ЛИНК)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес ќе ја започне европската авантура во годинешната сезона.

Во Битола гостува незгодниот состав на Архус, кој во групната фаза од Лига на Европа стигна, откако го елиминираше Кристијанштад во второто квалификациско коло.

Ракометарите на Ларс Валтер ќе имаат мотивација повеќе за да дојдат до планираните бодови бидејќи ќе играат пред домашната публика.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Архус ќе започне со почеток од 20:45 часот, а ќе има пренос на Арена Спорт 5 и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА или ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој натпревар ќе бидат Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд од Германија, додека делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Хрватот Синиша Рудиќ.