Гледајте ВО ЖИВО: Вардар – Војводина (ЛИНК)

Македонскиот шампион Вардар денес на свој терен ќе го одигра првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во дивизијата „Југ“ против Војводина.

Тимот од Нови Сад, кој во Скопје ќе допатува со младински состав, сигурно нема да излезе со бело знаме и ќе се обиде да го даде максимумот во дуелот со ,,црвено-црните”.

Ракометарите на Владо Недановски се големи фаворити во денешниот дуел и се очекува да немаат многу проблеми со комбинираниот состав на Војводина.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18:00 часот.

Пренос од дуелот меѓу Вардар и Војводина ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.