Го следи ли проклетство? Веспрем 21 пат беше во ТОП 8, 9 пати во полуфинале, 5 пати во финале – нo нема титула!

Унгарскиот гигант Веспрем како да го следи некое проклетство кога е во прашање Лигата на шампионите и европската титула во елитното натпреварување.

Низ Веспрем минале легенди како Штербик, Периќ, Фазекаш, Часар, Шола, Перез, Диаз, Наѓ, Пастор, Чема, Лазаров, Сулиќ….сега играат Ненадиќ, Цупара, Нилсон, Лауге, Манасков, Лека…но тимот никако да ја освои посакуваната титула.

Веспрем досега играл 26 пати во Лигата на шампионите откако се игра ова натпреварување од сезоната 1993/94. Дури 21 пат обезбедил место во ТОП 8, односно во четвртфиналето, а девет пати играл во полуфинале и пет пати во финалето, но ниеднаш не ја освои титулата.

Пред Веспрем во финалните двобои се испречувале Вардар, Келце, Барселона на два пати и Магдебург.

За Давид Дејвис и неговите избраници по елиминацијата од Нант ќе остане битката за домашната титула со ПИК Сегед и надежта дека во следната сезона ќе биде подобро и ќе успеат да стигнат до завршницата на елитното натпреварување.