Ги скина лигаментите – краj на сезоната за Едвиж!

Репрезентативката на Франција и актуелна членка на Ференцварош, Беатрис Едвиж, која важи за една од најдобрите дефанзивки, предвреме ја заврши сезоната.

Французинката на еден од тренинзите пред денешниот дерби дуел против ЧСМ Букурешт ги скинала предните вкрстени лигаменти на коленото.

Веста ја потврдија и од унгарскиот клуб, кој на позицијата пикер ги има уште Драгана Цвијиќ и Анет Кисвалуду.

Најверојатно Ференцварош за остатокот од сезоната ќе мора да донесе нова ракометарка на пикерската позиција, бидејќи атакува на освојување на сите титули на домашна сцена и пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Едвиж освен што игра одлично во одбраната, може добро да се снајде и во нападот, па така нејзиното отсуство ќе претставува голем проблем за клубот од унгарската престолнина.

Искусната ракометарка беше една од најзаслужните за пласманот на Франција во финалето на Европското првенство 2022 кое се играше во Македонија, Црна Гора и Словенија.