Ги одби Веспрем и Алборг за да остане во просечен шведски клуб

Некогашниот шведски репрезентативец Ким Андерсон и на 40 години е меѓу најдобрите стрелци во тамошниот шампионат.

Враќањето во татковината многумина го протолкуваа како крај на кариерата, но Андерсон и натаму е активен на терените.

Според „Афтонбладет“, шведскиот десен бек имаше понуди од два тима што играат во Лигата на шампионите, но ги одби и ќе остане да го одработува договорот со Иштад.

Го бараше Веспрем, како замена за Јахја Омар, кога не беше комплетиран трансферот на Недим Ремили, како и Алборг, како замена за Лукас Сандел за следната сезона.

Сепак и можноста да заигра со Хансен, Ландин, Бјорнсен…што делува многу примамливо, исто така беше одбиена и Андерсон ќе остане во татковината.