Ги водеше Вардар и ЖРК Вардар, сега стана тренер на Ростов Дон

Официјалниот сајт на женскиот првак на Русија, Ростов Дон, објави дека нов тренер на тимот е Едуард Кокшаров.

Некогашниот тренер и спортски директор на Вардар, како и тренер на ЖРК Вардар, по две години му се враќа на ракометот.

Кокшаров во играчката кариера играше за СКИФ Краснодар, Целје и Чеховски Медведи, а беше и селектор на машката селекција на Русија на СП 2019 и ЕП 2020.

Тој ќе биде замена за словачкиот стратег Томаш Главати, кој се приклучи во стручниот штаб на европскиот првак Кристијансанд.