Гичевска во одлична форма, Пужен го победи Кан

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска игра во одлична форма пред стартот на квалификацискиот турнир за пласман во баражот за СП.

Тимот на Ле Пужен славеше над Кан со 29-26 во 9. коло од групата 2 од Втората лига на Франција.

Гичевска беше втор стрелец во победата на нејзиниот тим и успеа да постигне четири голови, дел од нив во финишот кога се кршеше резултатот.

Пужен се наоѓа на седмото место на табелата, а следен предизвик за Гичевска и нејзиниот тим ќе биде двобојот со Бујарже Ним.

Гичевска досега одигра шест меча за Пужен и постигна вкупно 25 погодоци.