Германците веруваат во подобри денови: Ф4 во Купот на крајот од јуни

Иако уште е рано да се зборува за старт на продолжението од натпреварите, сепак, веќе е одреден датумот на кој би се играл завршниот турнир во Купот на Германија.

Според она што е договорено сезоната ќе трае барем еден месец подолго од она што беше предвидено и истата би требало да заврши на крајот од јуни.

Во моментов е закажано викендот на 27 и 28 јуни во Хамбург да биде одигран Ф4 во Купот на Германија така што ќе има доста за одигрување што ќе биде дадено зелено светло за враќање на терен.