PM - Germany vs Norway, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Германија ја победи „анемичната“ Норвешка во борбата за петто место

Репрезентацијата на Германија ја совлада Норвешка со резултат 28:24 (15:12) со што се пласираше на 5.место на Мундијалот, а Норвежаните завршија на за нив очајната 6.позиција во генералниот пласман.

Германија-Норвешка 28:24 (16:13)

Германците многу посвежи и со поголем мотив влегоа во натпреварот а тоа беше видливо во текот на сите шеесетина минути. Ракометарите на исландскиот стратег Гисласон уште на стартот поведоа со 4-1, а едни од најзаслужните за добрата игра како и во поголемиот дел од Мундијалот беа Кнор и Волф на голот. Панцирите во првиот дел имаа константно водство помеѓу 1 и 2 голови разлика за по крајот на првите триесетина минути да заминат со предност од 15-12.

PM – Germany vs Norway, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Веќе на стартот на второто полувреме германците ја дуплираа предноста од полувремето па во 40.минута поведоа со највисоки +6,  21:15, кога се чини беше и скршен отпорот на противникот. Беше видливо дека Норвешка нема мотив ни сила да се врати во натпреварот, иако во последните минути испеа да стигне на -2, 26:24. На крајот германците постигнаа уште два погодока за конечни 28:24.

Најпрецизни во составот на Германија беа Хефнер и Вицке со 5 гола, а кај Норвешка најефикасен беше Гулеруд со шест гола.

PM – Germany vs Norway, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Со овој трумф Германците го освоија 5.место на Миндијалот, а Норвежаните само го продолжија кошмарот по поразот во четвртфиналето од Шпанија, пласирајќи се на за нив очајното 6.место.