Георгиевски: Ако ја повториме денешната игра во Скопје, ќе се пласираме на СП

Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра реми со Чешка, 24-24 во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Македонија на натпреварот против Чешка одигра на задоволително ниво, кое даде резултат и на моменти македонската репрезентација имаше водство од седум гола разлика, но падот во последните десет минути беше причина за камбек на Чесите и реми на првиот дуел во Злин.

Еден од поискусните ракометари во Македонија, Гоце Георгиевски е задоволен од денешната игра и смета дека доколку играта од денешното гостување биде пресликана на реваншот во Скопје, тогаш репрезентацијата на Македонија ќе обезбеди настап на Мундијалот во Полска и Шведска.

„Речиси го имавме натпреварот во свои раце, испуштивме големо водство во второто полувреме. Бевме подобар противник, но во последните десет минути се случи голем пад во нашата игра, во најнезгодно време. Мислам дека треба да бидеме задоволни како игравме, имавме одличен голман ( Митревски). После овој натпревар треба да одиме со кренати глави бидејќи во Скопје не очекува уште еден натпревар и ако ја повториме оваа игра ќе се пласира на Светско првенство“, изјави Георгиевски.

Реваншот меѓу Македонија и Чешка се игра на 17 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.