Гедбан не оди во Адемар – барал многу висока плата, се сели во Катар?

Голманот на Вардар, Калифа Гедбан, нема да се пресели во шпанскиот Адемар Леон, ниту до крајот на месецов, ниту во следната сезона.

Алжирскиот репрезентативен чувар на мрежата, имал превисоки финансиски барања, дупло од она што Адемар можел да го понуди, па нема да се врати во Шпанија.

„Диарио де Леон“ пишува дека Гедбан најверојатно следната сезона ќе игра во некој од катарските клубови, кои би биле подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања.

Алжирецот има договор со Вардар и за следната сезона, исто како и летонскиот репрезентативец Артурс Кугис, но лесно може да се случи европскиот шампион да се потпре на Марко Кизиќ и уште еден друг голман за следната сезона.