Гаџа: Денеска ќе подготвуваме тактика за Веспрем, а утре…

Поранешниот играч на Загреб, Анте Гаџа, беше еден од клучните ракометари во „црвено-црниот“ тим во камбекот против хрвтскиот првак.

Вардарци на пенали ги победија „плинарите“ и во финалето ќе играат против унгарскиот гигант Веспрем. Гаџа вели дека во еден меч се може да се случи.

„Јас мислам сега само на Вардар, жал ми е за моите пријатели од Загреб, но мило ми е што победивме против нив. Што се однесува до финалето, не треба да се трошат многу зборови за Веспрем, имаат по двајца до тројца квалитетни играчи на секоја позиција. Мора да се подготвиме добро, да смислиме тактика. Денешниот ден ќе го искориситме за тоа, а утре ќе одиграме максимално, еден меч е и никогаш не се знае“, изјави Гаџа за 24Ракомет.

Финалето на СЕХА меѓу Вардар и Веспрем ќе се игра утре во Задар со почеток во 20:30 часот.