Гаџа: Да продолжиме во ист ритам, не смееме повеќе да си дозволиме лоши партии

Вардар славеше над Мотор Запорожје со 32-27 во петтиот натпревар од регионалната СЕХА лига и му се одмазди за поразот во Украина.

Средниот бек Анте Гаџа одигра еден од подобрите натпревари за Вардар оваа сезона и постигна осум погодоци.

„Ние влеговме во овој дуел да покажеме дека она што се случи во Украина не беше реалната состојба. Успеавме во тоа и се надевам дека во иднина нашата форма ќе оди во нагорна линија. Сакам да продолжиме во ист ритам, секој натпревар е важен и пресуден и не смее повеќе да си дозволуваме лоши партии“, изјави Гаџа.

За вардарци нема многу време за одмор, бидејќи веќе в недела ќе му гостуваат на составот на Охрид во меч од суперлигашкиот плеј-оф.