Гакидова одигра ефикасно, но Наиса немоќна во финалето од Купот на Србија

Новото засилување за Наиса, Ивана Гакидова одигра ефикасен натпревар против Јагодина во финалето од Купот на Србија. Наиса загуби со 24:32 така што уште ќе биде потребно за да може да се парира.

Гакидова која ја засили Наиса реализираше шест погодоци на овој дуел, но пет од нив беа од линијата од седум метри.

За разлика од неа Стојановска беше стрелец на два гола.

Наиса е ривал на Чаир во Европскиот куп, а тие средби е планирано да бидат одиграни во текот на следниот месец.