Газпром останува спонзор на СЕХА, Ф4 ќе се игра во септември

Беше најавено дека осминафиналните средби од СЕХА ќе се играат во средината на април, но веројатно нема да биде така.

Според планот четвртфиналните натпревари требаше да се играат на почетокот на мај, а во средината на јуни да биде завршниот турнир, сепак од раководството од лигата најавуваат дека Ф4 би можел да се игра во септември.

Претседателот на регионалната лига, Борис Сапожњиков за рускиот „Брз Центар“ вели дека наскоро ќе биде потврдена оваа одлука.

„Пандемијата не штеди никого. Мислам дека некои од натпреварите од последните фази ќе се одржат во јули или август, а Ф4 ќе се одржи во септември. Исто така, мора да ја земеме предвид програмата на националните тимови во поглед на претстојните Олимписки игри во Токио. Но, сигурен сум дека ќе ја истуркаме сезоната до крајот“, вели Сапожњиков.

Toј потврди дека компанијата Газпром и понатаму ќе биде главен спонзор на лигата и во следните сезони.