Вчера стана најдобар стрелец во Бундес, денеска доби договор на пет години

Репрезентативецот на Исланд, десниот бек и крило, Омар Инги Магнусон кој настапува за екипата на Магдебург имаше добра сезона во која финишираше како најдобар стрелец во Бундес лигата. Со 274 погодоци тој беше највисоко на листата на стрелците, а ова му донесе нов подобар договор со клубот.

Тимот на Магдебург му даде понуда која не можеше да ја одбие и ќе го задржи во своите редови во следните пет години. Магнусон се обвра на верност кон Магдебург до 2026 година така што останува дел од клубот од Бундес лигта.

„Доаѓањето во Бундес лигата за мене беше голем предизвик. Среќен сум што можев да му помогнам на тимот и тоа уште во првата година . Чувствувам дека во следните сезони Магдебург ќе може до подобри резултат. Имам голема доверба во овој тим, а и моето семејство се чувствува одлично така што немаше потреба многу да размислувам и брзо до продолжив договорот“, вели Магнусон.

Тој дојде во редовите на Магдебург минатата година од тимот на Алборг. Кариерата ја почна во Селфос од Исланд во 2013 година. Следната година се пресели во Валур, а потоа во 2016 година во Архус од Данска. Во Алборг пристигна во 2018 година и потоа во 2020 година во Магдебург каде што ќе остане и во следните пет години.

Станува збор за ракометар кој е репрезентативец на Исланд од 2016 година, а има 24 години.